Под влијание на влажна нестабилна и посвежа воздушна маса која се спушта од северозапад во северозападните делови, Македонија е зафатена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
– Во моментов се зафатени западните делови од Скопската котлина каде има силен ветер ( кој достигнива брзина околу 70 км/час ), грмежи и врнежи од дожд кои се очекува да се интензивираат и да имаат пороен карактер, информираат од Управата за хидробиолошки работи.
Локално се очекува и невреме со силен пороен дожд, електрични празнења и можна е појава на град. Нестабилноста се движи од запад кон исток и ќе бидат зафатени и другите делови од земјава.