Постигнат договор за АБА лигата – МЗТ еден од косопствениците

Од:

Прашањето за опстанок на АБА лигата е решено, на состанокот одржан во Загреб беше донесена одлука во лигата да играат 12 клубови и истата да биде во стопроцентна сопственост на клубовите. Со тоа и македонскиот шампион МЗТ Скопје стана еден од косопствениците.

Договорот беше постигнат помеѓу националните федерации, клубовите и досегашните сопственици на лигата. Сојузите и клубовите испратија писмо до ФИБА со известување за договорот во кое се вели дека: од денеска 16 јуни, АБА лигата ќе биде сосем нова организација, регистрирана и управувана од 12 клубови учесници, а гарантирана од шест национални федерации.

Сега федерациите на шесте земји, Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и БиХ, гарантираат за новоформираната АБА-лига, што всушност беше и насока дадена од ФИБА, која денеска на состанокот во Загреб е и исполнета. Останува сега конечниот „амин“ да го даде и ФИБА на 18 јуни.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска