ИД се закани со убиство на новинарка на тиранска телевизија

Од:

Новинарката на тиранската телевизија Њуз 2, Аурора Коромани добила закани од групата Исламска држава дека ќе биде убиена, поради нејзините информации емитувани на телевизијата и објавени во весникот „Газета шќиптаре“, јави дописникот на МИА.

Прво Коромани добила закана на нејзиниот профил на Фејсбук, а потоа и преку СМС порака. Многу набрзо по пораката имало и телефонски повици и на редакцискиот телефон, но траеле по девет секунди и воопшто никој не зборувал.

Редакцијата, но и самата Коромани, случајот го пријавиле во полиција, по што е дадена наредба за постојана заштита на новинарката, но и зголемено обезбедување на телевизијата.

Њуз 2, „Газета шќиптаре“, како и агенцијата Балкан веб и припаѓаат на иста медиумска куќа.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин