Јанко „Јади бурек“ користел говор на омраза – оцена на Советот за етика

Од:

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ на 11 март, годинава поднесе жалба до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија за емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сител 3.

„Во емисијата од 25.02.2015 се јави гледач кој вели „…за педерите што се јавуваат треба да им се набута кол таму…“, на што водителот Јанко Илковски одговори „Немојте, слушаат и мали деца, лоши асоцијации да не им даваме. Ај, нешто покултурно што можеш да кажеш. Не мора толку вулгарно да биде, иако јас се согласувам, би те пуштил да си кажеш се што сакаш“.
Во жалбата Коалицијата наведе дека во емисијата се користеше говор на омраза кон припадниците на ЛГБТИ заедницата.

Со задоволство ја информираме јавноста дека Комисијата за жалби најде дека жалбата во однос на емисијата „Јади бурек“ е основана!

Коалицијата на оваа одлука гледа како на значаен напредок во саморегулацијата на медиумската сфера во Македонија, и како мал, но важен исчекор на неколкугодишниот молк на медиумите и другите институции во Македонија по однос на континуираниот говор на омраза и дискриминација кон ЛГБТИ лицата. И покрај тоа што Советот нема ингеренции да санкционира, се надеваме дека оваа одлука ќе претставува недвосмислен показател за нужноста од афирмацијата на недискриминациските и демократски принципи во медиумите.

Со одлуката, Советот, во согласност член 18 од Деловникот за работа, го обврзува медиумот, односно Сител 3, да ја објави одлуката на Комисијата.

Да потсетиме, Сител ТВ за прилог од 18 мај 2012 година, еден ден по Меѓународниот ден за борба против хомофобијата и против трансфобијата, во централниот дневник на телевизијата „Сител“ емитуваше прилог „Со кампања хомосексуалците бараат истополови бракови“, за кој, после претставка од страна на Колаицијата, беше утврдена дискриминација и од тогашниот Совет за радиодифузија (СРД) и од Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД). За жал, иако одлуката на КЗД дојде со задоцнување (декември 2014), и по донесувањето на овие одлуки не се спречи ширењето на говор на омраза кон ЛГБТИ луѓето во овој медиум. Се надеваме дека оваа одлука ќе успее да направи исчекор.“, стои во соопштението на Коалицијата.

Би можело да ве интересира

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол на крајот во Гостивар

А1он

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски