Твитер заедницата не го поштеди претседателот пред меѓународната јавност: „Што правиш по цел ден?“

Од:

Твитер заедницата не му остана должна на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, за неговата индиферентност па преку хаштагот #AskFYROMpresident го затрупа со стотици незгодни прашања.

Корисниците на оваа социјална мрежа сакаат да знаат каде е претседателот во овие критични моменти за земјата, го исмејуваат со веќе познатите метафори за неговата „Невидливост“ и прашуваат како се чувствува кога неговиот мандат е нелегитимен за 2/3 од населението.

Понижувачките твитови како да не се доволни сами по себе, па се ова се случува пред очите на меѓународната јавноста.

Хаштагот потекнува од твитот на Euronews каде се повикуваат граѓаните да му постават прашањa на претседателот коi ќе се употребat за време на неговото интервју со Исабел Кумар во програмата на Global conversation.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Орце Костов

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов