Сергеј Станишев повторно избран за претседател на Европските социјалисти

Од:

Сергеј Станишев беше реизбран за претседател на Европската социјалистичка партија (ЕСП), второ по големина политичко семејство во Европа, откако другиот кандидат Шпанецот Енрике Креспо Барон ја повлече својата кандидатура непосредно пред гласњето, јавува МИА.

На конгресот во Будимпешта, сите беа изненадени по повлекувањето на Барон Креспо, кој е поранешен претседател на групата на европските социјалисти во Европскиот парламент, се повлече од трката, откако виде дека мнозинството од присутните на Конгресот сака да продолжи со актуелното раководство.

Гласањето јасно покажува дека поранешниот бугарски премиер, кој претседава со ЕСП од 2011 не ужива толку голема поддршка, од 407 гласови, 269 беа за Сергеј Станишев и 69 против.

ЕСП притоа го избра и раководството во кое се води грижата за застапеноста на жените и географската претставеност: Генерален секретар ќе остане Аким Пост од Германија, вице-претседатели се Жан-Кристоф Камбаделис од Франција, Карин Јамтин Шведска, Катарина Неведалова за Меѓународен секретар од Словачка и Жан Роајл од Велика Британија, благајник ќе биди Руаири Кин од Ирска.

На Конгресот на ЕСП неа усвоени три резолуции за борбата против невработеноста, демократијата и мирот.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани