ДУИ го објави Договорот од 2. јуни

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) го објави целиот Договор што четворицата партиски лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, со посредство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли, го потпишаа на 2 јуни во резиденцијата на Европската унија(ЕУ) во Скопје.

Договорот го објавуваме интегрално.

Договор

1. Партиите се согласуваат дека на прво место да се ставаат интересите на државата и ја потврдуваат нивната посветеност кон Евроатланските процеси и демократските принципи.

2. Во интерес на сите граѓани и на сите заедници во земјата, партиите се согласуваат за чекорите за надминување на актуелната криза. Тие се посветуваат за да се обезбеди вклучување во реализацијата на овој договор преку консултации и координации со најголемите партии во земјата.

3. Партиите се обврзуваат да ги почитуваат демократските принципи на политичката одговорност преку вклучување на клучните предизвици со кои се соочува земјата.

4. Во ова предизвикувачко време за земјата, партиите се согласуваат дека треба да дејствуваат во интерес на сите граѓани, за решавање на критичните предизвици и без преседан со кои се соочува државата, консолидирање на економскиот и демократскиот развој, зајакнување на меѓуетничките односи, да се обезбеди целосно спроведување на Охридскиот Договор, зајакнување на добрососедските односи и меѓународниот имиџ со тоа да се доведе земјата кон Евроатлантскиот пат.

5. Затоа, партите се согласуваат да се воспостави “транзициски период” почнувајќи веднаш, и завршувајќи со слободни и демократски избори во целосна согласност со Европските стандарди до крајот на април 2016 година.

6. Во текот на транзициониот период:

До 10 јуни, партиите ќе се договорат за конкретна организација на Владата која ќе ги подготви изборите.

СДСМ ќе се врати во Собранието и ќе раководи со анкетната парламентарна комисија основана со скандалот со прислушувањето. Комисиите за откривање и интервенција во комуникациите исто така ќе се раководат од страна на СДСМ и ќе почнат со работа испитувајќи неуспесите во надзор и функционирање на државната разузнавачка служба.

Првиот извештај на овие комисии ќе биде изготвен во ноември 2015 година.

Со непосреден ефект, нема да има понатамошно објавување на било каков прислушкуван материјал. По враќањето на СДСМ во Собранието, сите материали кој ги поседува СДСМ или било кој друг, ќе бидат поднесени до Јавното Обвинителство за итна постапка.

Кон средината на јуни и крајот на август 2015 година, ЕУ ќе го олесни меѓупартискиот дијалог (отворен за сите партии застапени во Собранието) за постигнување договор за прашањата од структурни реформи. Овој договор ќе ги опфати

Реформите што треба да се преземат во областа на поглавјата 23 и 14, застапување и независно функционирање на надлежните државни органи, поголема слобода на медиумите и целосна согласност со мислењата и препораките на Венецијанската Комисија.

Партиите се согласуваат за спроведување на сите препораки кои ќе бидат развиени од страна на Европската Комисија во врска со системските прашања на владеењето на правото. Спроведувањето ќе се разгледува во контекст на Претпристапниот Дијалог на Високо Ниво вклучувајќи ги и сите главни политички партии и граѓанското општество, пред извештајот за напредок на Европската Комисија во октомври 2015 година.

До 31 Јули 2015, составот на Државната Изборна Комисија ќе се прегледа и модифицира. До 30 септември 2015 година, на Државната Изборна Комисија ќе и се дадат зголемени овластувања за да обезбеди слободни и фер избори како и исто ниво на игра за сите партии. Сите препораки на ОБСЕ / ОДИХР ќе се применуваат, вклучувајќи и испитување на листата на гласачи во согласност со новата методологија и договорена. Пред следните избори, Владата ќе побара зајакнување на долгорочен мониторинг и краткорочен од ОБСЕ / ОДИХР.

Овој договор е отворен за потпишување од страна на заинтересираните политичките партии.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ДУИ: Погрешните политики ни ја одземаат европската иднина

Катерина Ѓуровски

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

ДУИ: Се заменуваат членови Албанци во разни комисии со македонски претставници

Горан Наумовски

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

ДУИ: Албанците нема да прифатат да бидат користени како алатки во сценарија напишани од македонските партии