Денеска од 18 до 22 часот во Кампот на слободата пред Владата, ќе продолжи акцијата за собирање донации за помош на мигрантите кои проаѓаат низ Македонија. Донациите може да се донесат во кампот, кај шаторот на “Ајде!”.
Од 19 до 20.15 часот, ќе се одржи дискусијата „Забегана лустрација – инструмент на режимот за пресметка со неистомислениците”.
Модератор ќе биде Жарко Трајаноски, активист за човекови права, а за сите удари што ги нанесе лустрацијата во Македонија и за нејзината злоупотреба ќе говорат Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставен суд на Република Македонија, Јадранка Костова, главен уредник на „Фокус“ и Владимир Милчин, универзитетски професор, режисер, директор на Фондацијата Отворено општество – Македонија.