(ВИДЕО) Заев: Задоволен сум, работите се движат во наш очекуван правец

Од:

Има квалитетен исчекор , но далеку од она што и е потребно на државата, вака лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја оценува вчерашната маратонска лидерска средба по враќањето од Брисел.Не се работи, вели, само за барањата на опозицијата, на Граѓаните за Македонија, туку за она што е добро за Република Македонија.

„Нашите барања се јасни зошто тоа така треба да се постигне, евентуално следниот чекор може да донесе решение. Тешко и мачно е за сите учесници во разговорите, но не се важни нашите суети и нашите позиции вкопани во ровови, одлучуваме за иднината на нашата земја. Договор да има само колку да има договор, а под маса да има местенки, порано или подоцна ќе излезе на површина.Задоволен сум бидејќи работите се движат во наш очекуван правец, но не можам да соопштам радосна вест“, вели Заев.

Во недела опозицијата заедно со граѓанските организации ќе одржи состанок за дефинирање на наредните активности на Граѓаните за Македонија за враќање на Македонија во нормала. Заев е оптимист и вели дека и пријателите од Европа и амбасадорот Бејли се се повеќе информирани за состојбите во Македонија.

„Нема најавено продолжување на разговорите, вратите се отворени, иако датум нема договорено. Ни треба преспивање за да ги дефинираме следните чекори. Брзо ќе се направи конечниот чекор.Ако се случува нешто, очекувам тоа да биде во почетокот на идната недела. Патот мора да го завршиме, на маса со потпишување на договор кој ќе биде во интерес на граѓаните на Република Македонија“, вели Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски