По 12 часа разговори не е постигнат договор помеѓу четворицата лидери во Брисел. Никола Груевски не сака да се повлече од премиерската функција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев не се согласува да оди на избори кои повторно би ги организирал Груевски и луѓето инволвирани во досегашните нерегуларности.
Предлогот Груевски да остане цела година премиер, а три месеци пред избори да се повлече е неприфатлив, зашто е мал временскиот период за нешто да се промени во системот поставен од оваа власт, со кој лесно се добиваат изборите.
Ниту ВМРО – ДПМНЕ, ниту СДСМ не попуштиле во ставовите околу клучното прашање-кој ќе управува во транзициониот период кој и за двете страни е битен-за ВМРО-ДПМНЕ да ја задржи контролата на клучните позиции преку премиерската функција на Груевски.
СДСМ инсистира на деинсталирање на целиот систем воспоставен од Груевски, со кој на лесен начин и преку контрола на институциите доаѓа до изборна победа.