Јавниот обвинител Марко Зврлевски веќе три месеци не ја процесуира иницијативата на Зоран Заев и адвокатскиот тим за покренување барање за заштита на законитоста против пресудата на Звонко Костовски.
Со оваа иницијативата, се оспорува пресудата против Костовски.
Како што е познато, тој е осуден на казна затвор од 3 години, по неговото признание дека е виновен за наводно прислушување по налог на Верушевски.
Со документот које е поднесен денеска до Марко Зврлевски, му се се укажува на Јавниот обвинител дека три месеци го игнорира ова законско барање на адвокатскиот тим.
Пресудата против Костовски е дел од обвинителниот акт против Зоран Заев.
Ако Зврлевски го процесуира ова барање ќе падне пресудата против Звонко Костовски, а со тоа паѓа и предметот против Зоран Заев.