Синоќа во Кампот на слободата се оджа дискусија на тема “Граѓанското општество – државен непријател во сите диктатури”, во којашто учествува Бојан Маричиќ, граѓански активист, Ѓунер Исмаил, аналитичар, Никола Наумоски, граѓански активист И Џабир Дерала, граѓански активист.
– Диктатурите го мразат својот народ, народот на кој се повикуваат – рече Ѓунер Исмаил и предупреди на бескрупулозноста на луѓето на власт.
Никола Наумовски нагласи дека разликата меѓу Македонија и другите земји е што прислушуваните разговори се користат за пресметка со политичките противници.
– Најмногу ме фасцинираше што се слушаа меѓу себе. Да се слуша својот кум, својот пријател или својот колега е нашто најдолно – рече Џабир Дерала.
Погледнете ги видео записот од овој настан: