Оскар Писториус во август ќе биде условно пуштен на слобода

Од:

Јужноафриканскиот атлетичар и спортска ѕвезда Оскар Писториус во август ќе биде условно пуштен на слобода, одлучија денеска затворските власти на Јужна Африка, откако тој помина десет месеци во затвор.

Писториус лани беше осуден на пет години затвор за ненамерно убиство на неговата девојка Рева Стенкамп.

Државниот обвинител и полицијата го обвининуваа Писториус дека намерно пукал во Стенкамп, која беше позната јужноафриканска манекенка и фото модел, по „бучната расправија“ во неговата вила во Преторија, но судијата во процесот оцени дека обвинителство нема докази за своето тврдење.

Според законот на Јужна Африка, за кривично дело како она за кое е осуден Писториус, властите може да определат условно пуштање од затвор, откако осденикот ќе издржи една шестина од казната.

Родителите на убиената Стенкамп изјавија дека „десет месеци поминати во затворската ќелија е премалку за одземањето на еден човечки живот“.

Обвинителство кое уште по судењето најави дека ќе вложи жалба на пресудата, тврдејќи дека станува збор за убиство со умисла, очекува разврска за неговата постапка во ноември оваа година.

Условното пуштање на слобода за Писториус значи дека другиот дел од казната тој ќе го мине во домашен притвор.

На Оскар Писториус двете нозе му се ампутирани до под колената уште додека бил бебе, поради тешка вродена мана. Но, тој од младоста се занимава со спорт, а во светот на атлетиката стана познат трчајќи на ателетски митинзи со специјално направени протези.

Писторус е првиот инвалидизиран спортист кој учествуваше и на Параолимписките Игри во Лондон во 2012 година, каде освои златен медал, но и на Олимпијадата истата година, каде не успеа за малку да влезе и во финалната трка на 400 метри.

Во својата земја е спортски херој, па убиството на неговата девојка предизвика незапаметено интерсирање на јавноста за случајот. Писториус тврди дека пукал низ вратата во бањата, отако слушнал гласови, не знаејќи дека Стенкамп е внатре.

Тој го признава убиството, но тврди дека било по грешка и дека немал намера да ја убие девојката. Инцидентот се случи минатата година на Свети Валентин (денот на вњубените), откако младата двојка се вратила дома по прославата на празникот. 

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта