Ахмети му испрати писмо на Хан

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети му упати писмо на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во кое ја поздравува, како што наведува, неговата силна посветеност нагласена во Скопје за неговото инсистирање за да се постигне заеднички компромис и оти Европската Унија ќе прифати договор постигнат со согласност на четирите најголеми парламентарни партии.

– Во име на сите нас во Демократската унија за интеграција, одлучив 13-годишнината од основањето на ДУИ да ја одбележам со ова писмо за поддршка на договорот на 2 јуни, но исто така и да ви изразам благодарност вас, на вашите соработници, како и на тројцата европратеници за заедничките напори и придонес во правец на решавање на сериозната политичка криза со која се соочува мојата земја. Исто така, придонесот на амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија е добредојден, ценет и ние се залагаме за продолжување на напорите во ист формат во текот на спроведувањето на договорот, пишува Ахмети во писмото.

Ахмети нагласува дека би сакал да ја реафирмира цврстата определба за спроведување на договорот постигнат на 2 јуни во Скопје и да продолжи со конструктивниот придонес на сите нивоа за да се реши политичката криза, како и да се отвори патот на суштинските реформи во корист на сите граѓани и на државата.
– Истовремено, исто така ја поздравуваме вашата силна посветеност нагласена во Скопје за вашето инсистирање за да се постигне заеднички компромис и Европската Унија ќе прифати договор постигнат со согласност на четирите најголеми парламентарни партии. Како што нагласува и договорот, процесот и евроатлантските принципи, зајакнувањето на меѓуетничките односи, целосна имплементација на Охридскиот договор која е загарантирана од страна на ЕУ, САД и НАТО, како и унапредувањето на меѓусоседските односи заедно со прашањата на системските реформи остануваат приоритет на нашата земја како и за нашите меѓународни пријатели, пишува Ахмети во писмото до Хан.

Би можело да ве интересира

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски