Американскиот атлетичар Џастин Гетлин синоќа на митингот од „Дијаматската лига“ во Рим истрча нов рекорд на минингот на патеката од 100 метри.
Тој постигна време 9.75 секунди и за една стотинка беше побрз од досегашниот рекорд (9.76), кој во 2012 година го истрча Усеин Болт.
Ова е седмо време на светот остварено на 100 метри, а Гетлин оваа сезона во Доха истата делница ја истрча и за 9.74 секунди.
Покрај 33-годишниот Американец Гетлин, во првата тројка беа уште Џими Висан од Франција, кој истрча најдобро лично време – 9.98, како и Мајкл Роџерс од САД со исто време – 9.98 секунди.