Франција од утре го спроведува ургентниот план за соочување со топлотниот бран

Од:

Француската Влада одлучи поради топлотниот бран кој ја зафати земјата и ќе трае неколку дена да го спроведе ургентниот план, изготвен специјално за овие климатски непогоди, јавува дописникот на МИА од Париз.

Мерките од специјалниот план за соочување со „топлотниот бран“ ќе бидат во сила најмалку 48 часа, започнувајќи од утре, соопшти државниот секретар Лоранс Росињол.

Од овој план најопфатени се домовите за пензионери и стари лица, болниците и сите други јавни установи каде се дистрибуира вода, спрејови со вода и разладни уреди.

Епизодата на топлотниот бран во август 2003 година, остави тешки траги во Франција, бидејќи за време на тоа лето поради високите температури животите ги загубија околу 15 000 лица, најчесто старци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on