Маите воопшто не знаеле кога е крајот на светот

Од:

Колку повеќе се приближуваме до фаталниот 21. декември, толку повеќе експертите се обидуваат да ги убедат луѓето, дека Маите не ја предвиделе апокалипсата кон крајот на оваа година.

Археолозите, антрополозите и другите научници одржаа состанок во градот Мерида, Мексико со цел да разговараат за влијанието на календарот на Маите кој се состои од 13 периоди, приближно од 394 година, во така наречени бактуни.

Експертите проценуваат дека броењето на годините започнало во 3114 година пред новата ера, а 13 бактуни, односно 5.125 години би требало да завршат на 21. декември годинава.

Исто така, тие сметаат дека бројот 13 во културата на Маите имал посебно значење, па затоа во случајов претставува нова пресвртница, но не и конечен крај.

Алфредо Барера, археолог од Мексико вели дека Маите навистина претскажале некои појави, но тоа повеќе се однесувало на вообичаени настани, како сушите или епидемиите на болести.

„Маите навистина имаат претскажувања, но не во фаталистичка смисла, туку во смисла на настаните кои во цикличен историски концепт можат да се повторат и во иднината“, вели Барера.

Експертите исто така исткнуваат дека Маите, познати по својата писмена култура, астрономијата и комплексните храмови се еден од најнапредните народи чија култура го забележува својот подем меѓу периодот од 300 и 900 година од новата ера, биле исклучително заинтересирани за иднината и за идните случувања.

„Многу стари споменици на Маите сведочат за настаните во далечната иднина“, изјави Џефри Брезвел, антрополог од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.

„Маите очигледно верувале дека тоа може да се предвиде, да кажеме владетелот К’иних Ханааб Пакал верувал дека по неколку илјади години повторно ќе се врати на Земјата и ќе владее. Од друга страна, некои споменици сведочат за настани кои се случиле пред 3114 година пред новата ера“, напиша Брезвел во писмената изјава за The Associated Press.

Само неколку референци на спорниот датум годинава се пронајдени втемелени во спомениците на местата каде Маите владееле и ниту една не се однесува на апокалипса. Всушност, тие визии се последните илјада години на Западот и поврзани се со христијанскиот начин на размислување, а воопшто не се дел од културата на Маите.

Брезвел го споредува календарот и неговиот кружен систем со мерачи за километража.

„Долготрајниот календарски систем на Маите е всушност како мерач за километража во автомобил. Мојот прв автомобил не можеше да брои повеќе од 160.000 километри, но тоа не значи дека сум ги минал за автомобилот да експлодира“, објаснува Брезвел, алудирајќи на апокалипсата и крајот на календарот на Маите.

Би можело да ве интересира

Спас од лажни вести преку новата апликација на GRID

Ана Ололовска

Не биди роб на социјалните медиуми, земи ја контролата во свои раце

Наум Локоски

Во Македонија дневно се произведуваат 6.000 вести. Како да дојдете до оние што вас ве интересираат?

Ана Ололовска

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ