Регионална конференција „Медиумите и јавниот интерес – ризици и предизвици“

Од:

Во организација на Центарот за развој на медиуми, денеска во Скопје ќе се одржи регионалната конференција „Медиумите и јавниот интерес – ризици и предизвици“.

Конференцијата е посветена на повеќе прашања поврзани со медиумите и нивниот однос кон јавниот интерес.

На Конференцијата, во четири засебни сесии, ќе говорат бројни гости од академската и медиумската заедница во регионот (Унгарија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина) и во земјава, како и претставници на меѓународни организации (Совет на Европа).

Конференцијата е дел од активностите кои Центарот за развој на медиуми ги спроведува во рамките на програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Република Македонија и Проектот за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски