По осумчасовните разговори партиските лидери ставија потпис на договорот со кој се предвидува одржување на предвремени избори во април следната година.
Она што е договорено и за што се согласиле партиските лидери е дека треба да има транзициски период до одржување на изборите, односно формирање на Влада која ќе треба да организира фер и слободни избори.
Договорена е рамка за преговори. Во таа рамка за преговори стои обврска за Влада којашто треба да ги подготви изборите.
За деталите околу таа Влада, како и за деталите за сите останати услови за памноправен политички натпревар, договорено е да се разговара во Брисел, следната седмица, на 10-ти јуни, во Брисел.
Доколку нема договор околу денешната согласност за Влада, во тој случај ништо од ова што денеска беше потпишано, нема да важи.