ДУИ готви 5.000 амандмани на Законот за бранители

Од:

Пратеничката група  на  ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално го повлече Законот за бранители . Со ова се испочитува препораката која Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера попладне им ја дал на своите пратеници,  законот да се повлече од процедура во редовната постапка и повторно да се поднесе во скратена постапка до Собранието. „Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ препорача до пратеничката група да се заложи за ограничување на дискусиите во новата скратена постапка во работата на комисиите, согласно правилата од Деловникот за работа кои важат за пленарната седница, а со цел да се спречи несуштинското траење на дискусиите“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Но сепак ова нема да значи дека ќе се одблокира работата на Собранието.

По информацијата за повлекување на законот, од ДУИ се закануваат дека  имаат подготвено 5.000 амандмани.

Со ова би се повторило сценариото од 2008 година, кога повторно ДУИ  го закочи и буквално „поклопи“ Законодавниот дом со илјадници амандмани. Тоа беше поводот за предвремените парламентарни избори во 2008 година.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски