Нов рекорд на невработени во Франција

Од:

И покрај знаците на задравување на француската економија, во Франција минатиот месец беа забележани нови 26.000 невработени, со што е достигнат бројот од 3,53 милиони лица без работа, јави дописникот на МИА од Париз.

Овие 3,53 милиони невработени се од „катгоријата А“, односно лица кои немаат никаква работна активност, додека заедно со лицата кои имаат извесна работна активност и истовремено бараат работа, бројот на невработените само во континенталниот дел на Франција изнесува 5,34 милиони и заедно со француските прекуморски територии достигнува 5,64 милиони.

Ова е рекордна бројка на невработени во историјата на Франија. Најголем пораст на невработени е забележан кај повозрасните и тоа за 8,7 отсто на годишно ниво и кај невработените кои бараат работа подолго време, за 10,2 проценти во однос на минатата година.

Наспроти новиот пораст на невработеноста, францускиот министер за труд Франсоа Ребсамен најави финансирање на дополнителни 100.000 договори за вработувања во 2015 година, кои во моментов ги има 450,000.

Од изборот на Франсоа Оланд за претседател на Франција, бројот на невработени во Фрамција за три години се зголеми за 600 000 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци