Суд во Азербејџан го осуди опозицискиот активист Елвин Абдулазаде на шест години затвор, под обвинение за поседување дрога, што тој го оквалификува како политички мотивиран процес.
Студентот Абдулазаде, кој е член на подмладокот на опозицискиот Народен фронт, за време на судењето тврдеше дека обвинувањата против него се измислени и дека неговата затворска казна има за цел да ги замолчи дисидентите во Азербејџан.
Азербејџанската полиција го уапси Абдулазаде во јануари годинава под обвинине дека поседувал три грама хероин, но тој го отфрла ваквото обвинување тврдејќи дека дрогата му ја подметнале полициски службеници.
Организациите за заштита на човековите права во Азербејџан досега во неколку наврат ги обвинија властите во Баку дека користат измислени обвиненија за затворање на владините критичари. Според нив, ваквата „кампања“ била интензивирана по 2013 година, откако на изборите азербејџанскиот претседател Илхам Алиев беше резибран на функцијата за трет мандат.