Фудбалерите на Пари Сен Жермен се освојувачите на „тројна круна“ во Франција. Тие по триумфот во Лига 1 и Лига Купот, синоќа славеа и во националниот Куп, откако во финалето беа подобри од Оксер со 1:0.
Голот вреден трофеј на „Стад де Франс“ во Париз беше дело на Едисон Кавани во 64.минута.
Ова беше вкупно деветти трофеј за парижаните во Купот на Франција.
Со оваа победа ПСЖ стана првата екипа која успеала да ги освои трите титули во францускиот фудбал една сезона.