Централната банка на Идонезија денеска соопшти дека во првото тромосечие на годинава порастот на БДП-то бил 4,71 посто, околу 0,6 насто помалку од планираниот пораст. Тоа е, според Банката, најмал тримесечен пораст на развојот на Индонезија по 2009 година, а Банката смета дека и минималното опаѓање во тој квартал ќе се одрази на вкупните резултати во 2015 година.
Си 256 милиони жители, Индонезија лани оствари вкупен приход од 1.012 милијарди долари, а годинава се планира таа сума да се зголеми за околу 60 илјади милијарди. За да се оствари планот, сугерира Банката, владата треба ги зголеми капиталните инвестиции и доследно да ги почитува мерките за стимулирање на извозот.
Аналитичарите проценуваат дека периодот од 2016 до 2022 година Индонезија ќе остварува значително подобри економски резултати. Основа за тоа се огромните инвестиции во осовременување на инфраструктурната мрежа во државата, што ќе изнесуваат над 150 илјади милијарди долари. Позитивен развој Индонезија очекува во сите сектори, освен во нафтената индустрија, бидејки во последнава деценија значително се осиромашени изворите на нафтените полиња.