(ВИДЕО) Узунов: Најсиромашните не треба да плаќаат данок

Од:

Потребен е правичен даночен систем, да се прекине рамниот данок и да се воведе прогресивно оданочување. Ќе воведеме праведно оданочување, за разлика од неправедното кое сега е на сила. Што е праведно? Идејата на праведност се врзува за тоа дека богатиот плаќа повеќе од сиромашниот. Со оглед дека не заработуваме еднакво, тој што заработува повеќе за заедничките услуги ќе плаќа повеќе. Тоа е праведно оданочување-богатите да плаќаат повеќе. Може да се воведат праведен даноен систем каде најсиромашните нема да плаќаат даноци, рече универзитетскиот професор Ванчо Узунов на вечерашната дебата во Кампот на слободата пред Владата, на дебатата. Тој заедно со Бојан Богевски, коосновач на либертаријанскиот клуб Атлас, Јасмина Голубовска, активистка на платформата „Ајде“ и Бранимир Јовановиќ, економски истражувач дискутираа на темата,„Колку малку е премногу? Каква даночна политика генерира повеќе правда?“.

Според Узунов, промашувањето со воведување на рамниот данок доведе до оданочување на хонорарите.
-Што е прболемот на Република Македонија и како се стигна до давачките за хонорарите? Промашувањето во последната даночна реформа со воведувањето на рамен данок е што не даде ниту еден од очекуваните позитивните ефети, а ги даде сите неочекувани негативни ефекти. Затоа мора да правиме дупли глупости за да спасуваме погрешни реформи, како што е сега оданочување на хонорарите.
Зашто не ги даде резултатите оваа реформа? Иако владата не се погрижи да ни ги објасни позитивните ефекти, се очекуваше дека ќе има пораст на домашните инвестиции, со тоа дека ќе дојде до зголемување на вработувањето и до поголма економска активност и ние ќе станеме задоволни граѓани и сето тоа ќе донесе странски инвестиции. Ништо од тоа не се постигна, единствено што се постигна малку е воведување дисциплина во даночната евазија, ама не сум сигурен дали е тоа поради рамниот данок или пак поради стравот од владата.
Од друга страна кога воведувате рамен данок, има негативни ефекти како што е социјалното раслојување. Рамниот данок ги фаворизира богатите, а ги диксриминира сиромашните. Суштината е дури и при таков негативен ефект да воведете рамен данок, позитивните ефекти да ви ги намалат негативните. Но тоа во Македонија не се случи, а раслојувањето во државата се случи, и тоа така што Македонија е со најголемо социјално раслојување во Европа, рече Узунов.

Би можело да ве интересира

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски