ХРВ бара Индонезија да ја официјализира ветената дозвола за медиумите

Од:

Заменикот директор на организацијата Хјуман рајтс воч (ХРВ) за Азија, Фелим Кине денеска побара претседателот на Индонезија, Јоко Видодо да потпише службен декрет со кој на новинарите им се дозволува слободен пристап во провинцијата Папуа, досега забранета територија за новинари, особено странски дописници.

Претседателот Видодо пред две недели објави дека се укинува ембаргото за посета на новинари на Папуа, но министрите за правда и сигурност по тоа изјавија дека рестрикциите за медиумите не се формално укинати.

Провинцијата Папуа, која се наоѓа на крајниот исток на индонезискиот архипелаг е припоена кон Индонезија во 1965 година. Поради тоа што најголем дел од 3,5 милионското население во оваа провинција се уште живее во примитивни племенски заедници, странците, а особено новинарите, не беа пожелни гости.

Само од време на време организирана посета, со јака воена придружба, се организирала за странските дипломати во Џакарта, а домашните новинари само со специјална дозвола можеа да престојуваат таму.

Неколкумина странски новинари, дописници од Индонезија, пред неколку дена допатувале во Папуа, но на секој чекор биле следени од полицијата. Локалните власти отворено им рекле дека, ако не донесат „добри извештаи“ од Папуа ќе треба да ја заборават оваа провинција, а можеби и Индонезија како место за известување.

На прес-конференција, одржана денеска, високиот функционер на Хјуман рајтс воч изјави дека ако претседателоѕ Видодо не донесе јасен, писмен декрет за слобода на движење на новинарите на Папуа, оваа провинција и натаму ќе биде заложник на тие што повеќе сакаат вистината за Папуа да се крие, а не да се соопштува.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници