Севиља го одбрани трофејот во Лига Европа

Од:

Фудбалерите на Севиља ја одбранија титулата во Лигата на Европа на УЕФА, откако синоќа во финалето одиграно во Варшава го победија Дњипро со 3:2.

Никола Калиниќ во 7.минута му донесе водство на украинскиот тим. Следуваа два погодока за шпанскиот претставник. Грегорж Криховјак изедначи во 28.минута, а Севиља три минути подоцна дојде и во водство преку Карлос Бака. Руслан Ротан во 44.минута изедначи на 2:2, резултат со кој се отиде на пауза. Во второто полувреме единствениот гол беше дело на Бака во 73.минута, момент кој се покажа решавачки за освојување на трофејот.

Покрај тоа што го одбрани трофејот, Севиља исто така стана првата екипа која четири пати победувала во второто по квалитет клупско европско првенство.

По овој триумф Севиља обезбеди директно учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска