Во медиумите и на социјалните мрежи во Индонезија завладеа вистинска „свадбена треска“, предизвикана од настанот кој е прогласен за свадба на на годината.
На 11 јуни ќе се жени најстариот син на претседателот Видодо, 29 годишниот Гибран, а избраничката е три години помладата Селви Ананда, службеничка во банка и учесничка на неколку избори за убавица во градот Суракарта, каде што пред шест години започнала врската меѓу нив.
Суракарта ќе биде местотот на големиот настан, на кој покрај роднините се поканети и илјада ВИП гости од политичкиот и економскиот крем на Индонезија.
Суракарта е град со околу 525.000 жители, во кој пред да стане гувернер на провинцијата Џакарта, во 2.012 година, градоначалник бил сегашниот претседател Јоко Видодо.
Познатството и љубовта започнале во 2.009 година, кога Селви била прогласена за локална убавица, а круната и ја поставила мајката на сегашниот младоженец, сега Првата дама на Индонезија Ириана Видодо. Во жирито бил и иднот сопруг Гибрант.
Свадбата ќе биде во традиционален јавански стил, почнувајќи од гардеробите до спектакуларното уредување на просториите за свадбата и пристапните патеки во кое доминираат огромни цветни аранжмани.
Од големиот паркинг до местото на настанот гостите ќе се превезуваат со „беќак’’, минијатурен фијакер на три тркала што го вози човек.
За безбедноста на гостите ќе се грижи личната гарда на претседателот, а ќе им помагат и 50 специјалци од армијата и полицијата.
Медиумите во Индонезија претскажуваат дека младиот пар ќе добие многу вредни подароци, иако дискретно, од претседателската палата се упатуваат препораки за соодветна скромност.