Кастро во Борусија Дортмунд за 12 милиони евра

Од:

Гонзало Кастро е новото засилување за германскиот Бундес лигаш Борусија Дортмунд.

Доскорешниот фудбалер на Баер од Леверкузен, Кастро, потпиша четиригодишен договор со „Милионерите’’ потврди спортскиот директот на Борусија, Михаел Корк.

Борусија ја искористи клаузулата на договорот на Кастро со која на Баер му исплати 12 милиони евра за 27-годишниот фудбалер од средниот ред.

„Сакам да напредувам и понатаму во кариерата, иако ова не беше нималку лесна одлука. Минам прекрасни години во Леверкузен, клуб кој засекогаш останува во моето срце’’, изјави Кастро за официјалниот веб сајт на Борусија.

Кастро ги мина сите младински селекции на „Фармацевтите’’ од Леверкузен, тим за кој во Бундес лигата одигра 285 натпревари на кои постигна 21 гол.

Тој за репрезентацијата на Германија има одиграно пет натпревари.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска