Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска даде изјава за медиумите по лидерската средба која се одржа во Клубот на пратеници.
Премиерот ја напушти зградата додека медиумите ја снимаа изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Димовски не кажа ништо детално по средбата, туку само соопшти дека лидерите на албанските партии биле информирани за разговорите кои се воделе во Стразбур, и дека била договорена следната средба.
На прашањето од новинар дали премиерот ќе даде интервју за некој од критички настроените медиумите, Димовски одговори дека независните новинари имале прилика да му постават прашања на премиерот по првата лидерска средба во Скопје. По втората, како и овој пат, премиерот ги избегна новинарите.
– Премиерот пред само една недела одговараше на прашања пред волкав состав на новинари и му беа поставувани прашања од новинари кои се критични – одговори тој.
Маја Васева