Високиот административен суд во Турција оцени денеска дека новата претседателска палата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е незаконски изградена врз заштитен терен, јави ДПА, повикувајќи се на судски документи.
Новата претседателска палата покрај Анкара, која има над 1.100 соби и според информациите во медиумите чини над 650 милиони долари, беше отворена минатата година.
Новата претседателскиа резиденција, наречена „Белата палата“ беше остро критикувана од опозицијата.
Различни здруженија, вклучувајќи ја и Комората на архитектите поднесоа жалби против изградбата на големата зграда, нагласувајќи дека таа е изградена на територија на природен резерват.
Претседателската палата се наоѓа во комплексот Шумски чифлик Ататурк, кој е заштитена природна зона.