Со пристигнувањето на премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, официјално почна третата лидерска средба во Клубот на пратеници, со која се очекува да започнат преговорите за решавање на политичката криза.
Заев пристигна придружуван од потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, а Груевски го придружуваат Илија Димовски и министерот за надворешни работи, Никола Поповски.
Пред почетокот на средбата Груевски и Ахмети се наоѓаа во дворот на Клубот се до пристигнувањето на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, по што влегоа во салата каде се одржуваат разговорите.
Додека Груевски поминуваше низ ходникот новинарот Саше Ивановски Политико му довикна прашувајќи го дали по средбата ќе даде изјави за медиумите или ќе избега како минатиот пат, но беше изигнориран.
Маја Васева