Французин лажно јави за бомба во авион за девојка му да стигне на летот

Од:

Француската полиција уапси маж кој лажно јавил за подметната бомба во авион, за да го задржи полетувањето поради тоа што неговата девојка доцнела.

Како што пренесува во неделата AFP, 33-годишниот маж се јавил во управата на меѓународниот аеродром „Мерињак“ кај Бордо, во југозападна Франција, и се заканил дека „во авионот има бомба“. Полицијата веднаш го блокирала целиот аеродром и започнала детално пребарување, меѓутоа не била пронајдена никаква експлозивна направа.

Полициските службеници трагајќи по трагите од каде што дошол лажниот повик, уапсиле маж на 20 километри од аеродромот и го привеле во полиција. Во текот на распитот тој признал дека лажно дојавил, појаснувајќи дека со тоа сакал да го одложи летот затоа што неговата девојка доцнела поради сообраќајниот метеж на обиколницата кај Бордо.

Тој ќе биде изведен пред судот во Бордо. Според обвинението, лажниот дојавувач се соочува со казна од две години затвор и глоба од 30 илјади евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци