Талибански бунтовници нападнаа денеска десет полициски пунктови на нестабилниот југ н Авганистан и убија најмалку десет полицајци, додека 16 се ранети, соопштија авганистанските власти.
Директорот на Заедничката канцеларија за координација на провинцијата Хелманд Мохамад Исмаил Хотаки рече дека талибанските борци нападнале десет полициски пунктови во дистриктот Сангин.
Хотаки потврди дека во нападите се убиени најмалку десет полицајци и ранети 16, иако заменик на полицијата на дистриктот Хаџи Бари рече дека пронашле тела на најмалку 13 убиени полицајци, и оти 15 се ранети.