Во Делчево и Македонска Каменица се одбележува Денот на св.Кирил и Методиј

Од:

Со повеќе пригодни свечености во Делчево и Македонска Каменица се одбележува 24 мај, Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј.

Чествувањето почна изутрината со богослужби во новоизградените православни храмови посветени на творците на азбуката, наши и сесловенски учители и просветители.

Во Делчево со литургијата чиноначалствуваше Неговото високо преосвештенство г. Иларион, митрополит на Брегалничката епархија на МПЦ – ОА, во придружба на повеќе свештенослужители од Штип, Кочани и Делчево.

Во Македонска Каменица се објавени добитниците од наградените конкурси за ликовни и литературни творби на тема „Кирил и Методиј и нивната просветителска дејност“.

Во Македонска Каменица во рамки на прославата на патрониот празник на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ секциите за слободни активности за своите родители и други гости ќе се претстават со рецитал и настап на Училишниот хор.

Општина Делчево во чест на празникот организира масовен крос насловен „Делчево трча за здав живот“, а во Македонска Каменица ќе се одиграат финалните натпревари од традиционалниот фудбалски турнир посветен на загинатиот македонски бранител Миле Јаневски-Џингар.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска