ИД го зазеде сирискиот град Палмира

Од:

Џихадистите од сунитската екстремистичка група Исламистичка држава вчера го зазедоа градот Палмира, откако сириската армија се повлече од градот.

– Палмира речиси целосно е под контрола на ИД. Џихадистите се уште не ги имаат заземено затворот и зградата на военото разузнавање, каде има голем број на војници, изјави директорот на Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.

Сириските провладини милиции денеска ги евакуираа граѓаните од древниот град Палмира, по упадот на поголеми групи екстремисти од Исламска држава во тој град. Евакуацијата, која ја спроведоа силите на сириската Национална одбрана, уследи по жестоките борби во и околу градот, кој се наоѓа на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, и исто така претставува стратешка воена локација, поврзана со патиштата со градовите Хомс и Дамаск.

– Стотици статуи се дислоцирани од Палмира на безбедна локација со цел да се зачуваат од екстремистите од Исламска Држава, кои денеска успеаја да влезат во градот, изјави шефот на службата за антиквитети, Мамун Абдулкарим.

Абдулкарим посочи дека стравува за музејот и големите споменици кои не можат да бидат дислоцирани.

– Ова е борба на целиот свет, истакна Абдулкарим.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска