Фудбалерите на Јувентус го освоија италијанскиот куп откако синоќа во финалето на „Олимпискиот стадион“ во Рим го победија Лацио со 2:1 по продолжение и по 20 години се радуваа во ова натпреварување. Решавачкиот гол во 97. минута го постигна Алесандро Матри.
Лацио поведе со голот на Стефан Раду во 4.минута, а изедначи Џорџио Киелини во 11.минута. До крајот на регуларните 90 минути немаше победник (1:1), па се играа продолженија.
Со овој триумф Јувентус ја прекина серијата од 20 години без триумф во италијанскиот куп, а ја освои вкупно 10.та титула во ова натпреварување. Последен пат „старата дама“ го освои Купот во 1995 година, а до овој триумф уште трипати беше финалист и ги губеше дуелите.
Јувентус оваа сезона веќе ја освои и титулата шампион во Италија, а остана во игра за трофејот од Лигата на шампионите.