Орав: Оваа земја има сериозни проблеми

Од:

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, изјави дека државата има сериозни проблеми во поглед на вредностите за демократија, слобода и правда кои ги промовира Европската унија. Тој денеска се обрати на дебатата „Европската унија треба да се прошири и да ги вклучи земјите од Западен Балкан“ која се водеше меѓу студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Како што рече Орав, единствените позитивни моменти од изминатава година за Македонија се мирните антивладини протести и тоа што политичките лидери покажаа подготвеност да разговараат за надминување на политичката криза.

– Денес има сериозни проблеми во вашата земја, сакавме да го свртиме вниманието во октомврискиот извештај кога се обидовме да ги апострофираме проблемите во судството, правдата, корупцијата и слободата на говор. Оваа земја е кандидат и сакаме да биде подготвена за членство – рече тој.

Орав потсети дека Македонија шест пати до сега добила препорака за преговори во Европската унија, но дека отпочнувањето на преговорите не беше возможно затоа што немаше консензус меѓу земјите членки.

Последниве месеци известувачите, рече тој, се обидувале да најдат позитивни факти за Македонија кои би ги вклопиле во извештајот за напредок на земјата. Извештајот треба да биде готов до 31-ви август, а Орав рече дека изминатава недела се случиле неколку позитивни работи. Меѓу нив, рече, се формриањето на Советот за безбедност кој го свика претседателот на државата по настаните во Куманово, антивладините протести кои беа мирни и граѓански, рече, потоа лидерските средби, како и состанокот во Стразбур меѓу Заев и Груевски, кој, рече дека се надева оти ќе резултира со конкретен исход.

Би можело да ве интересира

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп