(ВИДЕО) Раздвижено пред Влада, граѓаните не заминуваат додека Груевски не си даде оставка

Од:

Трет ден граѓаните остануваат во шаторите пред Владата, велат дека се решени и нема да заминат од таму се’ додека премиерот Никола Груевски не поднесе оставка.

Во текот на денот граѓани доаѓаат и носат храна и вода за тие што кампуваат, преку целиот ден е раздвижено. На шаторите има натписи како „Хотел Ало началниче“, “Комплекс Субрата Рој“.

Денот почнува со расчистување на кампот, утринско кафе и музика. И за денеска има програма на активности:

Програма за Ден 3, 19.05.2015 (вторник):

13:00 – 16:00 Хуманитарен базар

16:00 – 18:00 Турнир во табла и други рекреации

18:15 – 19:00 Обраќања: ЗБОГУМ НИКОЛА!
Модераторка: Ирена Ристиќ
– Радмила Шекеринска (политичарка)
– Жарко Трајаноски (активист за човекови права)
– Румена Бужаровска (универзитетска професорка)
– Томислав Кежаровски (новинар)
– Васко Лазаревски (активист, паркобран)

19:00 – 22:30 Музика
– Игор Узунов
– Leana Thaqi – Lea
– Këpurdhat – Tetovë (Печурките – Тетово)

22:30 – 00:30 Проекција на филм: Белата панделка

Би можело да ве интересира

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода