Екипата на Наполи постигна победа од 3:2 над Чезена на последниот дуел од 36. коло од Серија А, а најзаслужен за триумфот беше Дрис Мертенс кој постигна два гола.
Со оваа победа Наполи ги задржа шансите за пласман на третото место, а тоа значи и учество во квалификациите од Лигата на шампионите. Покрај Мертенс третиот гол за Наполи го постигна Маноло Габиадини, додека двата гола за Чезена, Грегори Дефрел.
На вториот натпревар одигран синоќа Фиорентина ја победи Парма со 3:0.
Резултати од другите натпревари од 36. коло: Рома – Удинезе 2:1, Аталанта – Џенова 1:4, Каљари – Палермо 0:1, Торино – Киево 2:0, Верона – Емполи 2:1, Сасуоло – Милан 3:2, Сампдорија – Лацио 0:1 и Интер – Јувентус 1:2.
Табела: Јувентус 83 бодови, Рома 67, Лацио 66, Наполи 63, Фиорентина 58, Џенова 56, Сампдорија 54, Интер 52, Торино 51,…