Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун предупреди дека кризата во Јемен може да отвори коридор за џихадистички движења во Сомалија, која се наоѓа на спротивниот брег на Аденскиот Залив.
Бан во извештајот до Советот за безбедност на ОН наведува дека безбедноста на Сомалија и регионот се загрозени од исламистичката група Ал Шабаб.
Тој како пример ја наведе активноста на групата во полуавтономниот регион Пунтланд и масовното убиство на 147 студенти во Кенија минатиот месец.
– Истовремено кризата во Јемен има шанси дополнително да го дестабилизира регионот и да отвори коридор за џихадистички движења во Сомалија, предупреди Бан.