Џихадисти од ИД патуваат со „украдени“ европски пасоши

Од:

Џихадисти од групата Исламска држава (ИД) со лични документи на државјани од многу европски земји, меѓу кои и од Косово и Албанија, патуваат во разни земји од светот, јави косовската телевизија.

– Во една од канцелариите на ИД во Сирија се пронајдени многу лични документи. Иако нив ги има во голем број, во прилогот на една телевизија од Дубаи, се гледаат најмалку два пасоша и шест лични карти од Косово, наведува косовската телевизија, според која, ИД поседува и поголем број пасоши и лични карти на албански државјани.

Како што јави дописникот на МИА во прилогот се наведува дека со сигурност не може да се потврди од каде тие ги добиле документите, односно дали ги украле, дали им се дадени доброволно од оние кои и се приклучуваат на ИД или пак се продадени за големи суми на пари.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска