(ВИДЕО) Камп пред Влада: Дојдовме, збогум Никола

Од:

Граѓаните кои ноќта ја помнаа пред Влада, денеска останаа во кампот. Се слуша музика, луѓето се дружат и разговараат, велат дека немаат намера да се повлечат од кампувањето на улицата пред Влада, се’ додека не си замине Груевски и неговата власт, која според нив е криминална и нелегитимна.

Зоран Заев и заменичката Шекеринска исто така ја помнаа ноќта во кампот пред Владата. Заев, утринава тргнал за Струмица, тој, заради постапката која се води против него, во 9 часот мора да се јави во судот, а потоа се враќа до 13,30 часот, кога е закажана нова лидерска средба во Клубот на пратениците.

Во кампот пред Влада има целодневна програма:

13:30 – 17:00 Женски базар +
13:30 – 18:00 Рекреација и спорт
18:30 – 19:30 Дискусија на тема “Зошто дојдовме и зошто остануваме пред Влада?”
– Стево Пендаровски(политичар)
– Мухамед Зекири (новинар)
– Инес Ефремова (уметница)
– Бојан Иванов (историчар на уметност)
19:30 – 22:30 Музички настапи
– Мирко Попов +
22:30 – 00:00 Филм: „La Vita e Bella“

Би можело да ве интересира

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода