На лидерската средба во Клубот на пратеници веќе пристигнаа амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.
Се очекува доаѓањето на четворицата лидери на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи.
По завршувањето на првата лидерска средба, во четвртокот, четворицата лидери најавија дека е направен обид да се креира рамка за разговори за излез од политичката криза во Македонија.
Од првата средба немаше никаков конкретен заклучок.