Административци и наставници, откажете послушност!

Од:

Вечерва необично рано си легнав бидејки уморот од напорниот, ама и прекрасен ден почна да ме совладува. И направив грешка пуштајки го тв-то како приспивна алатка. Ама пусто филм и……….. гледав, дремев… и нормално проклетството на несоницата ме совлада.Рипнав и нормално пред лаптопот, да ти се пљукнам во него. Но не седнав без идеа. Цела вечер ме прогонува утрешниот, инспириран од денешниот, ден.

Денеска за време на протестот се дружев со двајца вработени во една гимназија. И двајцата ги измачуваше една единствена мисла. Сакаа да останат ноќеска пред Барокната лименка, арно ама сабајле во 07,30 часот мораа да се појават на работа. И видоа не видоа заминаа. Е сега, ете ти го ѓаволот кој не ми даде да заспијам.

Утрешниот КОНТРА ПРОТЕСТ! Глупост, имбецилност, недокваканост, со еден збор идиотска измислица. Ние денеска излеговме со јасна идеа, да ја рушиме по мирен пат НЕвладата. Зошто? Па затоа што е невлада.

Излеговме, се дружевме пеевме, викавме, ама без сендвичи, без 500,00 денари. Шо ќе рече , доброволно. Што ќе рече дека никој, ама баш никој не нѐ присили да излеземе. И сега тоа на некого не му е јасно. Не му е јасно како може некој без сендвич и надница за страв да излегува на протест! Па може бе КРЕТЕНИ НИЗАЕДНИ, може.

Може затоа што денеска излегоа луѓе да протестираат кои си ја бараат назад слободата, кои си го бараат спокојот, мирот. Ама вие НЕДОКВАКАНИ оФци тоа не можете да го разберета бидејки толку ви сечи умот. Не ви е јасно бидејки сте среброљупци, бидејки со уцени ве доведоа до зидот. Ај што ве доведоа до ѕидот, туку и гаќите ви се смолкнати.

Ај што ви се смолкнати туку и сте напупени. Убајна. Ај , денеска ќе си дојдите во Скопје со ситна паричка и со сендвичи со поминат рок. И ако после контра протестот ве фати диареа…….. леле ама тропам глупости! Од кај пак тие знаат што е диареа. Дрскосерц бе кретени, дрскосерец. Е тој дрскосерец ќе ви биде од расипаната плескавица, да си знааете. Туку друго ми беше муабетот. Меѓ КОНТРИТЕ ќе има и многу административци, наставници, професори.

Сите тие како некоја интелектуална авангарда на погорните се, и ќе се правдаат како се уценети со работното место, со платата…….. Па добро бе мајката, овој оФчаров да не ве плаќа од свој џеб та ќе ви ја скине платата,а? Не бе драги мои, не, вие сами се плаќате, јас ве плаќам, сите ние ве плаќаме, како не вие јасно тоа. Многу лесно може да откажете слепа послушност и без гајле, ќе ве земеме во заштита, а вие со вашето присуство ќе не доомасовите и сами на себе ќе си помогнете.

Затоа имајте м….а и конечно кажете им не,( ако имате свој став, свој инегритет, персоналитет. Ама вие тоа го немате и се поистоветувате со оние од погоре бидејки ќе станете исти како нив. Па и вас ќе ве фати дрскосерец. Само немојте низ улици бидејки градов ни е така и така веќе усран (архитектонски). Ајде чибу утре на КОНТРА да ја срушите опозицијата и да дојдете на власт…………ЕБТЕ што би рекол Боки. Боки, кога веќе те спомнав, ај те молам кажи му на Миле нека донесе по едно бокалче, ама и салата…….. е па знаеш Ебте дека не ми иде без салата.

Марин Бабиќ

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска