ИД го презеде ирачкиот град Рамади

Од:

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) воспостави целосна контрола врз градот Рамади, нанесувајќи им тежок пораз на ирачките безбедносни сили и покрај воздушните напади на меѓународната коалиција, предводена од САД.

ИД соопшти дека заробила тенкови и убила десетици припадници на безбедносните сили.

Низ улиците во градот, кој е престолнина на провинцијата Анбар, можеле да се забележат голем број мртви тела. Според локалните власти, групата извршила масовни убиства врз ирачки војници и мирни жители.

– Рамади падна. Градот е целосно преземен, а армијата бега, изјавил гувернерот на Анбар.

При бегството безбедносните сили оставиле оружје и оклопни возила.

Пентагот, пак, соопшти дека ги следи информациите за борбите во Рамади, додавајќи дека ситуацијата е „променлива“ и покрај тврдењата на ИД дека воспоставила целосна контрола врз ирачкиот град.

– Многу е рано во овој момент да се даваат категорични изјави за состојбата таму, истакна портпаролка на американското Министерство за одбрана.

Пентагон наведува дека ИД „има предност“ во судирите во Рамади и доколку градот биде освоен меѓународната коалиција ќе ги поддржи ирачките сили за да ја вратат контролата.

Преземањето на Рамади е најголемата победа на ИД во Ирак и најтежок пораз за ирачката војска од минатото лето, кога групата започна офанзива, при што зазеде значителни територии од земјата.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска