Со победата над Удинезе синоќа на домашен терен од 2:1, екипата на Рома се врати на втората позиција на табелата во Серија А.
По водството на Удинезе со голот на Стипе Перица, Рома до пресвртот стигна благодарение на головите на Наинголан и на Торосидис. Рома има еден бод повеќе од градскиот ривал Лацио.
Резултати од 36.коло: Интер – Јувентус 1:2, Сампдорија – Лацио 0:1, Сасуоло – Милан 3:2, Аталанта – Џенова 1:4, Каљари – Палермо 0:1, Торино – Киево 2:0, Верона – Емполи 2:1.
Вечерва играат: Наполи – Чезена и Фиорентина – Парма.
Табела: Јувентус 83 бодови, Рома 67, Лацио 66, Наполи 60, Џенова 56, Фиорентина 55, Сампдорија 54,Интер 52, …