Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медуха Тачи се очекува денеска во Скопје да ја одржат втората средба за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.
Како и во четвртокот, како набљудувачи и овој пат се очекува на средбата да присуствуваат амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав.
Утре, пак, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Груевски и на СДСМ Заев треба да имаат средба во Стразбур во Европскиот парламент.
Во меѓувреме, вчера СДСМ поддржана од коалициските партнери и невладини организации одржа протест за оставка на Владата, а нејзини активисти останаа пред Владата, додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи вечерва пред Собранието одржуваат собир под мотото „Македонија силна“.