Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиѓ ја потврди својата доминација на Мастерс турнирот во Рим откако денеска во финалето го совлада Рожер Федерер. Ова за Ѓоковиќ е четврта титула на овој турнир, а претходно победуваше во 2008, 2011 и 2014 година. Федерер и во четвртото финале остана без победа во Рим.
Без поголем проблеми Ѓоковиќ го победи Федерер со 6:4 и 6:3 во сетови за 1 час и 16 минути игра. Притоа ја оствари 19.та победа во меѓусебните мечеви со Федерер и сега скорот е 20-19 за Федерер.
Во женското финале Марија Шарапова ја победи Карла Суарез Наваро со 2.1 во сетови.