Руската тенисерка Марија Шарапова победи на турнирот во Рим откако во финалето ја победи Шпанката Карла Суарез Наваро со 2:1 во сетови. Финалето траеше два часа и 35 минути.
Првиот сет со 6:4 во гемови го доби Суарез Наваро, а потоа по голема борба Шарапова изедначи на 1:1 откако го доби вториот сет со 7:5 во гемови. Во решавачкиот сет Суарез Наваро немаше сили за отпор и Шарапова беше убедлива со 6:1 во гемови.
Ова за Шарапова е трета турнирска победа во Рим откако беше најдобро и во 2011 и во 2012 година.
Во машкото финале на турнирот ќе играат Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.